Самоубиство поради поразот на Олимписките игри

Од:

Селекторот на руските одбојкарки е пронајден мртов во хотелска соба.

Сергеј Овчиников, селектор на руските одбојкарки се обесил за време на подготовките во Хрватска во собата во хотелот „Дијамант“ во Пореч. Тој посегнал по сопствениот живот поради неуспехот на Олимписките игри.

„Тоа е така глупаво. Ми беше пријател и колега. Никогаш не сум слушнал нешто лошо за него. Добро, доживеа неуспех на Олимписките игри, но по ѓаволите…Не знам како не можел да се носи со тоа“, рече Владимир Кузјуткин, поранешен селектор на руските одбојкарки.

Руските медиуми наведоа дека Овчиников, најверојатно го извршил самоубиството бидејќи не можел да го поднесе поразот на Олимписките игри, бидејќи моќниот руски тим во четвртфиналето испушти дури шест меч топки и на крајот изгуби од Бразилките.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот