Брод со 150 азиланти тоне, долж крајбрежјето на Индонезија, а австралиските спасувачки служби, започнаа акција за спасување, соопштуваат медиумите.
Австралиската поморска служба потврди дека спасувачите се упатени кон бродот и дека соработуваат со индонезиските агенции за спасување.
Владата на Џулија Гилард оваа година се соочи со рекорден број бегалци од Авганистан, Шри Ланка, Иран и Ирак.