Евросонг се сели во Шведска

Од:

Стокхолм ќе биде домаќин на 58-от избор за песна на Евровизија. Во секој аспект специфичната претставничка на оваа скандинавска земја, Лорен и ја донесе победата на Шведска со песната „Еуфорија“.

Во секој аспект чудната претставничка на Шведска, која дома нема телевизор и која научила да свири клавир имитирјаќи ја глумицата од филмот „Пијано“, исто како и во полуфиналето плени со моќната вокална изведба и едноставниот, но ефектен сценски настап.

Повторно уште со првите акорди ја доби поддршка од публиката. Евровизиската „Карате Кид“ како што низ смеа ја нарекоа некој од евровизиските новинари повторно го покажа она што многумина од учесниците го забораваат – дека Евросонг е телевизиско шоу.

И покрај огромната сцената Лорен употреби само неколку квадратни метри од бината покажувајќи дека ефективнен сценски телевизиски настап зависи не само од изведеното на сцената туку и од преносот под режисерска палка, светлосните и визуелните ефекти.

На домашното натпреварување во Шведска, Лорен доби дури 670 илјади гласови од публиката. Лорен има 28 години и потекнува од мароканско семејство.

Последен пат оваа земја беше домаќин на Евровизискиот натпревар 2000-та кога победата им ја донесе Шарлот Нилсен. А први кои во Стокхолм ја имаат донесено Евровизија, се групата АББА, кои потоа станаа светски познати.

Нашата претставничка Калиопи беше прва која во така наречената зелена сала и честиташе на шведската претставничка.

На второто место беа симпатичните бабушки од Русија, на трето место заврши нашиот северен сосед Србија.

Калиопи заврши на 13 место, Елена Ристеска 2006-та заврши 12-та, Каролина Гочева 2007-та заврши 18-та.

Првите осум поени ги добивме од Албанија, веднаш потоа следуваше гласањето на Црна Гора која исто така ни додели 8 поени.

И по второто гласање, Македонија за момент превзема водство и беше прва на скалата.

Украина ни даде 3 поени, Белорусија 2 поени, Турција не награди со 8 поени, Босна и Херцеговина со дури 12 поени, Бугарија и покрај барањата на нивната претставничка Софи Маринова да се гласа за Калиопи, ни додели само 2 поена, Словенија 6 поени, Хрватска 8 поени, Словачка и Италија по 1 поен и Србија 12 поени.

Македонија имаше вкупно  71 поен. Она што беше забележително е дека ниту една земја која гласаше за нас, меѓу кои претежно нашите балкански соседи кои иако не имаат признаено под уставното име, на евровизиските јавувања ни се обраќаа под името ФИРОМ.

Македонија пак гласаше вака:

1 – Малта
2 – Азербејџан
3 – Украина
4 – Русија
5 – Италија
6 – Шведска
7 – Босна и Херцеговина
8 – Турција
10 – Србија
12 – Албанија

..

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија