Во Њујорк на неопределно време е одложено судењето на тројцата директори на Маѓар телеком, Елек Штрауб, Томас Морваи и Андраш Балог, обвинети за потплатување на директори во Црна Гора и во Македонија за да се спречи конкуренција на оваа компанија. Процесот ќе биде одложен се до оној момент додека не се утврди дали судијата има некаква поврзаност со обвинетите директори.
Обвинението за тројцата директори е покренато во 2005 година, поради тоа што направиле договор со високи претставници на двете најголеми партии во македонската Влада, да се спречи натамошното отворање на македонскиот телекомуникациски пазар.
Во Црна Гора, директорите во 2005 година потплатиле црногорски политичари за да го наштелуваат купувањето на државниот Телеком Црна Гора од страна на Маѓар Телеком.