Експлодира бомба пред Националната банка во Атина

Од:

Утринава експлодирала рачно направена бомба пред Националната банка на Грција во Атина, соопшти полицијата.

Повредени нема. Направена е материјална штета, биле искршени неколку прозорци на банката и оштетени четири автомобили.

Засега никој не ја презел одговорноста за експлозијата.

„ Веруваме дека експлозијата е поврзана со тероризам“, изјави неименуван претставник на полицијата, дополнувајќи дека немало повредени,

Бомбата, со средна моќност, била поставена под банкомат, а на експлозијата не и претходел телефонски повик за предупредување.

Ваквите напади зачестија во последниве години, откако земјата западна во рецесија.Досега најголемиот број напади го извршуваа анархистички групи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит