Во артилериски и хеликоптерски напади во источниот дел на сирискиот главен град, Дамаск денеска се убиени најмалку 62 лица.
Ова се информации од активсити на опозицијата кои тврдат дека 11 од жртвите се убиени во квартот Џобар, каде претходно беше соборен сириски хеликоптер.
Според активисти во акцијата на владините сили се вклучил и борбен авион, кој истрелал две ракети врз станбена зграда.
„Изгледа дека источен Дамаск е ставен под колективна казна. Артилериските и хеликоптерски напади се насочени директно врз цивилите во нивните домови. По улиците лежат мртви и повредени, но поради жестоките бомбардирања не можеме да стигнеме до нив“, тврдат очевидци-активисти.