Грција го продава државниот авион

Од:

Грција соопшти дека ќе продава еден од трите државни авиони, а другите два ќе ги отстапи на располагање на националното воздухопловство, со цел да се намалат трошоците.

„Авионот „ембрајер“ со 13 седишта ќе биде продаден, а приходоѕ ќе биде употребен за трошоците на армијата“, соопшти владата во Атина.

Другиот „ембрајер“ произведен во Бразил ќе биде даден на воздухопловните власти за медицински потреби.

Грчката влада соопшти дека третиот авион ќе го задржат за патување на грчките политичари, но по потреба ќе го отстапува и на воздухопловните власти. Грција е под притисок на Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд да ги намали јавните трошоците во замена за милијардите ерва од пакетот помош кој треба да ја одржи во живот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит