СДСМ:Казните се закануваат да уништат стотици мали бизниси

Од:

„Граѓаните и стопанствениците се одново под удар на инспекторите, кои ова лето тргнаа во нова офанзива на пишување мандатни казни, кои се закануваат да уништат стотици мали бизниси“, укажува СДСМ.

Казните, велат,  се превисоки, а инспекторите ги пишуваат и за најситните пропусти и неправилности, сопствениците на мали продавници или трафики, соочени со казни од по 3 000 евра, често немаат друг избор освен да ги затворат бизнисите.

„Затоа, СДСМ уште еднаш предлага висината на мандатните казни да биде преполовена, наместо од 50 до 5 000, да изнесува од 25 до 2 500 евра. Да се направи градација на казните според големината на фирмата. Не може истите казни да важат за големите фирми, со огромен промет и малите дуќанџии кои едвај вадат плата преку својот труд.Дополнително, да се воведе мерката „Опомена“, со која на дуќаните ќе им се даде кус рок да го отстранат недостатокот, поради кој им следува парична казна“, рече Ана Павловска Данева.

Со овие предлози, велат од СДСМ,  казните нема да ја изгубат својата функција, а стопанствениците ќе можат полесно да ја преживеат 2012-та година, без да биде загрозена нивната егзистенција, како и егзистенцијата на нивните вработени.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа