Поранешниот светски шампион во шах, но и познат политички активист, Гари Каспаров во интервју за „Прес“ изјави дека тој не го поддржувал бомбардирањето на Србија во 1999 година.
Тој во последните години се најде на мета на српските медиуми и јавноста токму поради наводната негова поддршка на НАТО за бомбардирањето.
„Кога сте толку долго на врвот, за жал, станува вообичаена пракса вашите зборови да се реинтерпретираат и бидат злоупотребени од страна на оние кои ги толкуваат, се со една единствена цел – да се фрли сенка врз моето име и углед“, изјави Каспаров и додаде „Никогаш во мојот живот, без разлика дали станувало збор за Југославија или кој било друг дел на светот, не сум бил за, ниту сум поддржувал воена агресија против цивили. Јас отсекогаш сум бил остар критичар на убивањето цивили во воените конфликти односно страдањето на невини жртви како колатерална штета. Всушност јас бев тој, единствениот кој во 1991 година и 1992 година цврсто побара да се спречат убиствата. Што се однесува за НАТО бомбардирањето на Србија, во 1999 година, во тоа време не давав апсолутно никаква изјава, а не па да сум го поддржувал бомбардирањето на Србија. За жал, еден глас е тешко може да надвика илјадници други. Се држам до она што сум го кажал или напишал. Обвиненијата дека на било кој начин сум бил за страдањето на српскиот народ не се оправдани бидејќи никогаш не сум изјавил ништо во името на била каква поддршка на агресијата“.
На прашањето зошто го вели ова сега, по толку многу години, Каспаров рече дека досега ниту еден од српските медиуми не го контактирал, поточно „српските медиуми не комуницира со мене во последните 20 години. Ова е прв пат јас да зборувам за еден српски медиум. Секогаш сум им излегувал во пресрет на сите новинари и одговарл искрено пред се, затоа и веројатно не сум добар политичар. Не зборувам двосмислено. Лажната слика за мене е создадена во Белград, а никој мене не ме праша дали е тоа виситна“, објасни поранешниот светскиот шамион.