Една од најголемите македонски ѕвезди Калиопи вечерва имаше еден од најуспешните настапи на Македонија на евровизиското финале.
Во еден кадар од преносот во живо забележливи беа солзите радосници во очите на Калиопи, што само ја докажуваа нејзината емотивна изведба.
Публиката во салата бурно реагираше уште во првите акорди на нејзината моќна вокална изведба, а коментарите на социјалните мрежи се единствени врисокот на Калиопи ќе биде она што ќе ја одбележи Евровизиката изведба оваа година.
На крајот таа им се обрати на гледачите ширум Европа, но и светот со зборовите Европо Ти Благодарам, Македонијо Те сакам!!!