„Русија е подготвена да реализира кредит од 800. милиони долари наменет за развојни проекти во Србија“, изјави рускиот амбасадор во Белград, Александар Конузин, на состанокот со српскиот претседател Томислав Николиќ.
Тој кажа дека Русија е подготвена да и помогне на Србија во нејзиниот развој, за да може да се развиваат и добрите односи меѓу двете земји.
Средбата доаѓа пред претстојниот состанок на Николиќ со рускиот претседател Владимир Путин, на 11 септември во Сочи.