Министерката за внатрешни работи ги негира информациите и написите во некои медиуми дека поради противењето на ДУИ, и можниот крај на коалицискиот брак, ќе го повлечат од собраниска процедура, Законот за правата на бранителите и нивните семејства.
Вели, нема информации дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го повлече Законот.
„Пратеничката група го поднесе законот и по однос на постапката тоа е процедура утврдена со Деловникот. И најдобро е работните тела да дадат видување за динамиката и судбината на Законот. Не знам од каде ви е информацијата дека ќе се повлекува Законот, проверете ја од тој што ви ја дал“, изјави во Охрид, министерката Гордана Jанкуловска.
Веќе е договорено, Законот на седница ќе биде на 10-ти септември, така е одлучено на понеделничката редовна координација кај спикерот Велјаноски. Опозицијата , освен ДПА, поради неговиот игноранстки однос, и , велат потчинетоста кон Владата, ги бојкотира координациите.
Законот нема да оди во скратена постапка, за него ќе расправаат и собраниските тела.
ДУИ се закани доколку не се прифатат нивните амандмани, и за ОНА да важат истите права како и за бранителите, сите сценарија се можни, па и напуштање на Владата.
Премиерот Груевски, пак, рече дека во коалицијата има проблеми, посебно со сегашниот состав и понуда од интегративците, и доколку ДУИ смета дека тоа е решението, подготвен е на предвремени парламентарни избори.