Лука Модриќ од денеска е новиот играч на Реал Мадрид. Шпанскиот клуб соопшти дека е постигнат договор на пет години и го претстави хрватскиот репрезентативец како врвен организатор на играта со одличен пас и игра кон противничкиот гол.
„Лука беше сјаен играч за нас и ако не ни е сеедно што мораме да се разделиме, сепак среќни сме оди во Реал Мадрид, клубот со кого од сега гледаме долго и корисно партнерство“, рече претседателот на англискиот клув Тотенхем.
Daily Mail ги потврди приказните дека преговорите помеѓу Тотенхем и Реал се довршени доцна синоќа со договор мадрискиот клуб да плати отштета за трансферот на Модриќ. Сумата е помала од 35 милиони фунти плус бонуси на која долго време инсистираше претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.
Модриќ е во Тотенхем од летото 2008. година каде што пристигна од Динамо Загреб за отштета од 16, 5 милиони фунти, а од тогаш постигна 17 голови за 160 настапи на англискиот клуб.
Лука Модриќ е уште еден во низата спортисти кои беа лошо проценети на овие простори. И во фудбалскиот клуб „Задар“ и во „Динамо“ не веруваа многу во неговите квалитети, но сепак тој е единствениот хрватски фудбалер кој ќе заработува 150.000 евра неделно.