Барселона благодарение на двата гола на Лионел Меси (76’ и 80’) успеа да направи пресврт и со 2:1 да слави на гостувањето во Памплона против Осасуна.
Домаќините на полувремето водеа со 1:0 со голот на Љоренте од 18. минута, а до крајот Барселона успеа да ја задржи предноста и да освои максимални шест бодови по две одиграни кола.
Најдобрата шанса за обезбедување на победата, Осасуна ја пропушти во 70. минута кога Нино излезе сам пред Валдес, но не успеа да постигне гол, а шест минути подоцна Пунал заработи црвен картон.