Во дербито од второто коло од англиското фудбалско првенство Ливерпул и Манчестер сити одиграа без победник 2:2, а домаќините по првото полувреме имаа минимална предност од 1:0.
Ливепрул двапати беше во водство со головите на Шкртел во 34 и Суарез во 66 минута, но актуелниот англиски шампион Манчестер сити успеваше да го израмни резултатот преку Јаја Туре во 63 и Тевез во 80 минута.
За Ливепрул ова е прв освоен бод во новата сезона откако во првото коло доживеа тежок пораз од 0:3 на гостувањето кај Вест бромвич албион.
Манчестер сити, пак, има четири од можните максимални шест бодови, откако во првото коло го совлада пред своите гледачи Саутемптон со 3:2.