Изминаа 11 години од ѕверското убиство на Боге Илиевски и Светислав Трпковски.
Со панихида на гробиштата Челопек и на рушевините кај мотелот Бриони, најблиските и пријателите се потсетија на Боге и Светислав , чуварите на мотелот Бриони кај Челопек.
На 26 август 2001, биле врзани за потпорните столбови и со динамит кренати во воздух заедно со мотелот.
И по 11 години убијците се непознати.
Албанците од Челопек, 11 години не дозволуваат да се обнови хотелот.