Стотина верници на молитва за дожд во црквата во Ваљево

Од:

Неколку ститини верници присуствуваа на молeбенот за дожд во храмот во Ваљево, на повик на епископот Милутин.

Владиката ваљевски ги потсети присутните на последиците од катастрофалната суша која ја погодува целата земја.

„Долго време се веќе Сонцето и земјата вжештени. Мене ми се смета и лажат дека народот сум го нарекол грешен. Не, јас сум прв што е грешен, во љубов ги повикав поради нашите гревови, а не туѓи, да го замолиме Господ за малку дожд. Тажно беше синоќа да се гледа како Србија гори и како да не се молиме Господ да ја запре оваа катастрофа што и се случува на нашата ионака јадна и задолжена држава“, рече епископот Милутин.

Тој рече дека природата не знае и не може да прости.

„Еве што ние синовите на 21. век направивме со природата која можно го чувствува гревот на нашата негрижа кон неа и силно сега мава по нас“, рече тој.

Владката пред два дена кога повика на молитва рече дека човековите гревови се причина за сушата. Инаку, метеоролозите најавија дека од вечерва веќе настапува долгоочекуваното освежување.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ