Туневски: Увозот на скапа струја е највносниот фамилијарен бизнис на власта

Од:

За да се утврдат причините за моменталниот раст на цената на струјата, мора да се анализираат состојбите и причините кои ја доведоа Македонија во состојба на земја зависник од увоз на скапа струја.

Во последните 6 години Македонија не инвестираше во почеток на изградба на ниту еден поголем електроенергетски објект за производство на домашна струја што ќе го елиминира или барем намали увозот на скапа струја.   Во последните 6 години Владата не успеа да најде инвеститор за изградба на хидроцентралите „Чебрен“, „Галиште“, „Бошков мост“, „Луково поле“, и со тоа само ја зајакнува зависноста на Македонија од увоз на скапа струја“, изјави Атанаско  Туневски, експерт по енергетика, член на СДСМ .

Во 2006-та година, рече, Владата ја отфрли најголемата потенцијална инвестиција во енергетиката – „Тец Неготино“ од преку 800 милиони долари и покрај тоа што инвеститорот беше избран на успешно спроведен тендер и се чекаше само потпис од Владата. Увозот на струја расте од година во година и сега изнесува над 35% од вкупните

„Увозот на скапа струја е највносниот фамилијарен бизнис на власта. Овие огромни суми конечно ги плаќаат граѓаните на Македонија преку повисоките сметки за струја: Факт е дека во последните 6 години цената на струјата од АД ЕЛЕМ е зголемена околу 2 пати, цената на АД МЕПСО околу 2 и пол пати“, рече Туневски.

Укажа дека државните ЕЛЕМ и МЕПСО трошат милионски суми евра на целосно непотребни кампањи секоја година, како и огромни суми средства за изградба на барокни фасади, реновирања на административниот простор и набавка на скапи автомобили.

„Дополнително состојбата со цените во енергетиката ја усложнува и Регулаторната комисија за енергетика. Таа е целосно затворена институција за јавноста и работи целосно нетранспарентно. Комисијата во јавност дава само соопштенија за пораст на цените на енергенсите и се повикува на зголемени трошоци во работата на енергетските компании, без посериозна анализа на оправданоста на направените трошоци.Треба јасно да се констатира дека Регулаторната комисија за енергетика е целосно партизирана. Нејзиниот претседател е поранешен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кратово, а еден нејзин член е поранешен член на Извршниот комитет на оваа партија. Наместо незавизна Регулаторна Комисија за енергетика, Македонија денес има партиска владина Регулаторна Комисија за енергетика, којашто ги спроведува налозите на партијата на власт.Цените на струјата, бензините, парното и воопшто на сите енергенси ја доведуваат земјата во состојба на неконтролирана инфлација, преку пораст на ценита на храната и останатите основни производи и неиздржлива сиромаштија и мизерија“, вели Туневски.

 

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство