Најмалку 19 лица загинаа, а 53 се повредени во експлозија на гас, во најголемата рафинерија во Венецуела, изјави локалната гувернерка Стела Луго.
Меѓу загинатите има и едно 10-годишно дете, додаде таа.
Во текот на денот пожарникарите успеале да го стават пожарот под контрола.
„Екслплозијата е предизвикана од истекување на гас. Таа предизвика голема штета на инфраструктурата и куќите кои се наоѓаат во близнина на рафинеријата“, рече Рафаел Рамирес, министер за енергетика.