ВИДЕО: Полицијата го прететепа техничкиот уредник на НИН

Од:

Техничкиот уредник на неделникот НИН вчера брутално го претепаа полицијаци во цивилна облека на сред улица во Белград. Целата ситуација додека полицајците го врзуваа со лисици и со вперени пиштоли во него ја сликаа новинарите од српски Блиц.

Се се одвивало набрзина, полицајците ниту се претставиле, ниту се легитимирале, само почнале да го удираат уредникот на НИН. Го мавале додека лежел на улицата, а еден од нив без никаква причина извадил и пиштол.

Дури и кога пристигнале униформирани полицијаци, не можеле ништо да направат, биле избркани од местото каде бил нападнат уредникот на НИН. Уредникот е приведен и му е одредена мерка за задржување поради наводно насилничко однесување.

„Нападот кој се случи пред нашата редакција на НИН, а кој според очевидците е поради некое недоразбирање, е непримерен и е употребана непотребна сила. Дури после удирањето, влечењето и заканувањето со пиштоли, полицајците се легитимираа“, рече за Блиц, Небојша Спаиќ, главен и одгворен уредник на НИН.

Тој наведе дека во овој момент нема информација и не верува дека инцидентот на било кој начин е поврзан со уредувачката политика на неделникот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието