Во Азија е откриена нова болест, чии симптоми се слични на оние од СИДА-та, покажале резултатите на истражувањето објавено во здравствениот магазин New England Journal of Medicine, пренесуваат француските медиуми.
Според експертите се работи за досега непознат синдром кој спречува болните да се борат против инфекциите. Болеста не е заразна.
Истражувањето е спроведено на 100 лица во Тајланд и во Тајван во последните шест месеци.
Болеста ги погодува возрасните личности од азиско потекло со што се докажува тезата на некои стручњаци дека болеста е поврзана со фактор од околината или генетиката на тие простори.