Сириските власти им порачаа на западните сили дека нема да имаат лесна работа доколку се одлучат на воена интервенција.
„Доаѓањето во Сирија, не е доаѓање на пикник. Сепак Сирија не сака да војува со никого“, изјави министерот за информирање на Сирија, Омран Ал Зуби.
Ал Зуби демнатираше дека официјална Сирија признала дека поседува хемиско оружје.
Ги обвини САД и Велика Британија дека ги помагаат Саудиска Арабија, Катар и Турција кои ја помагаат Ал Каеда и нејзиното дејствување во Сирија.