Голиот принц Хари осамна во „Сан“

Од:

Аферат со голите слики на принцот Хари ги шокира и кралското семејство и јавноста. Неговите слики, осамнаа и во најтиражниот британски весник, Таблоидот „Сан“.

Сликите, кои предизвикаа скандал, се направени тајно, во хотелскиот апартман во Лас Вегас, за време на кусиот одмор на Хари во САД, минатиот викенд, како и од една „разголена забава“ одржана во истиот хотел.

Кралското семејство за ова го обвини обезбедувањето и луѓето задолжени за ПР на принцот.

Досега „Сан“ е првиот весник кој ги објави сликите, бидејќи другите потклекнаа пред заканата на кралската палата дека доколку било што се објави, тоа ќе биде повреда на приватноста на принцот.Во соопштението, на „Сан“, се вели дека редакцијата се одлучила на еден ваков чекор, затоа што смета дека не е во ред, „спорните фотографии“ Британците да може да ги гледаат на интеренет, тие да бидат објавени насекаде низ светот, но да не може да се публикуваат во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство