„До денес нема ниту еден решен случај пред суд во Грција за враќањето на имотите на Македонците“,изјави за Дојче Веле,Никола Костурски, претседател на Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција.
Решавањето на имотното право во една држава е многу тешко, а уште потешко кога тоа право треба да се побара во друга држава, во која сè уште се на сила низа дискриминаторски закони со коишто им е одземен имотот на Македонците со потекло од егејскиот дел од Македонија,и затоа македонците не можат да ги остварат своите права, вели Костурски.
Но протераните Македонци од Грција не се откажуваат од нивните барања за враќање на имотите, објаснува претседателот на Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција.
Костурски не е преголем оптимист дека случајот ќе има позитивен епилог, но сепак вели, надеж има