Пари за пензии има, дециден е првиот човек на труд и социјала.
„Владата не размислува да има некаква корекција на исплатата, а уште помалку во ниту еден момент не сме размислиле да има намалување на висината на пензиите, изјави министерот за труд и социјална политика. И покрај тоа што има разни коментари и обиди да се создаде паника кај пензионерите, тие сценарија се покажаа како неточни. Пари за пензии има и ќе има и тука не треба да има грижа. Пензиите ќе се исплаќаат како до сега, во првата недела од месецот“, изјави министерот Спиро Ристовски.
До крајот на 2012 односно почетокот на 2013 година пензиите ќе бидат покачени за пет отсто, а дефинирано е дека во наредните години ќе има прогресивно зголемување на истите. До 2015 година се очекува зголемување на пензиите за 10 отсто, вети министерот