Се уште беснее огнот на островот Закинтос, дури 170 пожарникари се борат со стихијата. Куќите на островјаните не се во опасност.
Во пожарот на Хиос кој сега е сведен на неколку помали пожари, изгореле 12 000 хектари шума и плантажи.
Грчките власти веќе соопштија дека во истрагата за големиот број на пожари во земјата ќе се вклучи тајната служба, бидејќи постојат сомневања дека пожарите се намерно подметнати. Ова се однесува и за Хиос и Закинтос. И тука постои сомневање дека и овие пожари нсе дело на човечката рака.