Новите станари на зградата која ќе биде изградена во главниот град на Перу, Лима, ќе треба да ги предупредуваат своите гости да внимаваат пред да започнат да пливаат во нивните базени, особено ако се плашат од височини затоа тие се наоѓаат високо горе над улиците.
Зградата е архитектонски замислена од студиото „DCPP Arquitectos“, а нивните идни клиенти имаат можност да поседуваат необични базени, направени да висат надвор структурата на зградата.
„Ние сакавме да се создадеме една слика на иднината, нов концепт на луксузен живот во Латинска Америка, со комбинирање на идејата за вклучување на надворешниот простор во „внатрешниот“ живот“, изјавија од мексиканската компанија DCPP.