Министер и гувернер во Египет заклучени поради лажни ветувања

Од:

Револтирани бидејќи властите не ги исполниле ветувањата дека ќе добијат чиста вода за пиење, жителите на село во Египет, ги заклучиле министерот за здравство и гувернерот на провинцијата во болница.
50-тина селани се разболеле од загадената вода.
Претставникот на египетското министерство за здравство, Амр Кандил изјави дека во болницата во покраината Менуфија, 40 километри северно од Каиро, вчера биле примени десетина луѓе поради повраќање, диареја и температура.
Кога на лице место, во посета на болницата дошле министерот за здравство Мухамед Мустафа и гувернерот на провинцијата Ашраф Хелал, биле опколени од членовите на семејствата на болните, кои мавтајќи со шишиња вода извикувале по нив: “Пијте вода”, а потоа ги турнале во соба и ги заклучиле.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски