Уапсен е Милован В.(51), од село Добрача кај Крагуевац, поради сомнение дека пукајќи во лисица ја погодил Нада Ж., која е повреедана во пределот на градите и стомакот.
Одреден му е 48-часовен притвор , поради извршено кривично дело предизвикување општа опасност и поседување оружје и експлозивни материјали.
Лисицата, која му правела материјална штета ја забележал во близина на куќата на Нада Ж. И во правец на животното испукал куршум.
Бидејќи промашил, пукнал уште еднаш и ја погодил Нада, која е задржана на Ургентниот центар.