Повеќе од 20 луѓе загинале во еден затвор во Венецуела, во тепачка меѓу две завојувани групи. Двете групи се судриле за преземање контрола врз затворот.
Насилството избило синоќа во затвор кој се наоѓа јужно од Каракас.
Министерката за затвори изјави дека дошло до судир меѓу две тешко наоружани групи во затворот и дека меѓу убиените освен затвореници има и еден што бил на посета кај затвореник. Од венецуелската опсерваторија за човекови права соопштуваат дека минатата година во затворите во земјата загинале 560 луѓе, а оваа година само во првата половина нивниот број изнесува 304.
Немирите и пренаселеноста во затворите во оваа земја претставуваат голем проблем за Владата на претседателот Чавес.