На Грција се соочува со исклучување од еврозоната ако не ги намалиме расходите како што бараат меѓународните кредитори, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас во интервју за весникот „То Вима“.
Тој рече дека наместо планираните 11,5 милијарди, расходите треба да бидат намалени за 13,5 милијарди евра до 2014-та година.
„Не сакам да ме обесат на Синтагма. Ние треба да преживееме, да се задржиме под чадорот на еврото затоа што тоа ќе не заштити од сиромаштија каква што досега не сме почувствувале“, рече Стурнарас.