Н.О., педесет и седумгодишен жител на прилепското село Долнени, бил погоден во главата и телото од куршуми, додека бил на селските гробишта со својот татко, соопштува МВР.
Додека бил на селските гробишта со неговиот татко, и палел свеќи, почувствувал силна болка во телото, а претходно слушнал истрел од пушка.
Потоа забележал дека е погоден во десното рамо и во главата, по што побарал лекарска помош во болница каде му се констатирани две повреди на главата, повреда на десна надлактица, на левото рамо и три повреди во слабината и на грбот.
Приведен е 70-годишниот И.Н. од селото Мажучиште, од кого со потврда за привремено одземени предмети одземена му е ловна пушка “ИЖ 54“ која ја поседувал со дозвола, при што земени му се и фолии за барутни честички.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.