Видео – АМАН: Утре повторно протести за струјата и парното греење

Од:

Граѓанската иницијатива „АМАН“ повика на нови проетсти утре во Скопје против поскапувањата на струјата, парното и нафтата и ќе се бара враќање на цената од 2008 година.

Тие од прес конференција денеска повикаа на масовност на протестот кој ќе се одржи пред Регулаторната комисија, односно Порта Македонија во 18 часот.

На минатиот протест на кој присуствуваа неколку стотини граѓани иницијаторите побараа да се врати евтината тарифа за струја, да се укине ставката за ангажирана моќност од 33%, да се вратат цените на струјата и парното греење на нивото од 2008 година, да се повлече новиот правилник на Топлификација, да се запре со приватизацијата и докапитализацијата на енергетскиот сектор кој е сопственост на република Македонија и да се усогласат цените на горивата соодветно на стандардот на граѓаните во државата.

Иницијаторите најавија дека протести ќе има секој вторник, се до исполнување на барањата, а протести во исто време се најавуваат уште во неколку градови во земјава.

Со секојдневни притисоци се соочуваат членовите на граѓанската иницијатива „Аман“ во Битола, организатори на протестите против последното поскапување на струјата и укинувањето на дневната ефтина тарифа.

По минатонеделниот протест во Битола, велат многумина се обидуваат да ги заплашат, но притисоците не доаѓаат од некоја официјална институција, туку од луѓе за кои од „Аман“ не сакаа да прецизраат детали, пренесе телевизија Телма.

„Имаме притисоци индиректно преку луѓе, не среќаваат на улица и се закануваат дека нема да не вработат, дека и нашите сестри и браќа нема да ги вработата, дека е подобро да прекинеме. Но, тоа е нефицијално од луѓе, а досега не сме имале притисоци од некои институции “, изјави Ѓорѓи Пулевски, од граѓанската иницијатива „Аман“.

Но, нема да отстапат од своите намери и ги повикаа битолчани што помасовно да им си приклучат на утрешниот протест на Широк Сокак, кој ќе започне во 18 часот.

Иницијаторите, направија и видео материјал.

Би можело да ве интересира

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Косовска Митровица, општинските работници сакаат да се вратат на работа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Баковска: Власта да ја повлече одлуката за отпуштање на 700 образовни асистенти за деца со попреченост

(ВИДЕО) Трајковски: Образованието мора да биде приоритет, власта да ги промени погрешните политики