Германија се противи на дополнителна финансиска помош за Грција.
„Можностите на ЕУ за обезбедување финансиска помош на Грција не се безгранични. Неодговорно е да се фрлаат пари во бездна, истакна министерот, дополнувајќи дека нема простор за развивање нова програма за спасување на Грција“,изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Во своето денешно издание, весникот „Велт ам зонтаг“, повикувајќи се на европски извори, наведува дека германската Влада одбива трет спасувачки план за Атина, како и тоа да и се даде дополнително време на Грција за да заздрави финансиски, со аргумент дека повеќе време значи повеќе пари.
Според извор на весникот овој став го застапуваат и други европски земји како Финска, Естонија и Словачка.
На спротивна позиција се Франција и некои јужни европски земји, кои се подготвени да дадат нова помош на Грција, со цел да се избегне нејзино излегување од еврозоната.