Вообичаено е републиканските кандидати да бидат поддржувани од бизнисмените на Вол Стрит и големите корпорации, а демократите имаат помош од Холивуд и шоу бизнисот. Но овој пат на американските претседателски избори, се покажа дека републиканците имаат поддршка во Холивуд, особено од акционите херои.
Според анкетата на порталот Политико, Обама има 48% подршка, а Ромни 47%.
Анкетата на ЦНН покажува 52 проценти поддршка за Обама и 45 проценти за Ромни.
Дури ни Чак Нори, кој го поддржува републиканецот, не успеа да ја преврди предноста.
За Ромни се определија Чак Норис, Клинт Иствуд, Роберт Дувал и Џон Војт.
Поддршката за Обама доаѓа од Џорџ Клуни, Стивен Спилберг, Роберт де Ниро, Ај Пачино , Мерил Стрип , Ева Лонгорија, Кирк Даглас, Мет Дејмонд, Леонардо ди Каприо, Том Хенкс, Џулија Робертс, Еди Мархи и брачните парови Анџелина Џоли и Бред Пит и Антонио Бандерас и Мелани Грифит.