ЛДП: Битола не заслужува градоначалник како Талевски

Од:

ЛДП на прес конференција во Битола, реагира на, како што велат, недоличното  однесување на градоначалникот Никола Талевски,  во неговото обраќање преку локалните медиуми.

ЛДП, претходно го повикаа Талевски да даде одговори за напластените проблеми со кои се соочува општината, а истите се од суштинско значење за граѓаните.

„За жал  наместо одговори, кои очгледно ги нема, , видно нервозен, жестоко, со навреди се нафрли врз советниците на ЛДП  и партијата. Преку ваквото однесување, кое не е во слад со значењето  функцијата која ја обавува, граѓаните имаа можност да го видат вистинското лице на г-динот Талевски. Убедени сме дека Битолчани не заслужуваат и не сакаат да имаат таков Градоначалник“, рече Роза Топузова Каревска.

Веќе подолго  време, велат од ЛДП, наместо да ги решава проблемите на општината,  кои го оптаваруваат  и така тешкиот живот на граѓаните,  тој во континуитет  се бави со нашата партија, замајувајки ја јавноста и одвлекувајки го вниманието од неговото неработење.

За ЛДП  се несвојствени и неприфатливи метотодите на политичка пресметка со неистомислениците кои ги практикува градоначалникот

.„ЛДП во целост ја разбира нервозата на Талевски, тој и неговата партија се свесни дека на Битолчани не им ги исполни дадените  ветувања, а времето кога тие треба да му ги испорачаат сметките се наближува.Повеќе од очгледно е дека  во Битола никој  повеќе не му верува на Градоначалникот, ниту граѓните ниту пак неговата партија“, рече Топузова Каревска.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

(ВИДЕО) Носеше ли Гаши патен налог кога со службено возило отиде по невеста во Косово прашува ЛДП

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Одговорност за скандалите во Зоолошката градина

Горан Наумовски

ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ЛДП: Градските власти да ја искосат тревата и да ги средат парковите

ЛДП: Главниот град се гуши во смет. Дали Скопје има градоначалник