Игра на нерви меѓу Асанж и Лондон

Од:

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж нема да може да ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон, иако го доби потребниот азил. Полицијата соопшти дека нема насилно да упадне во амбасадата за да го уапси Асанж, иако вчера беше со спротивна намера.

Дежурството околу амбасадата на Еквадор во Лондон, Велика Британија освен нерви ја чини и 50.000 фунти дневно, зашто постојано пред објектот има 46 полицајци кои дежураат опремени со сензори кои реагираат на топлина на телото во случај Австралијанецот да биде прошверцуван во дипломатска пошта или во намештај од амбасадата.

Асанж најави дека во недела ќе и се обрати на јавноста од пред зградата на амбасадата, а останува нејасно дали со тоа ризикува да биде упасен. Вчера десетина полицајци се обидоа да влезат во амбасадата, но и набрзина се откажаа од идејата. Официјален Лондон соопшти дека останува цврсто на ставот Џулијан Асанж да го уапси и да го екстрадира во Шведска, односно дека нема да дозволи да ја напушти земјата и да се упати во Еквадор.

Би можело да ве интересира

Се очекува одлука за евентуално екстрадирање на Асанж во САД

Ана Ололовска

Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Ана Ололовска

Репортери без граници бараат ослободување на Асанж

Татјана Ташкова

Асанж останува во затвор за „повторно да не избега“

Ана Ололовска

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

ВИДЕО: Викиликс објави снимка за која тврди е доказ за лажното слетување на Месечината

Ана Ололовска