Намален кредитниот рејтинг на Србија

Од:

Американската агенција за кредитен рејтинг „Фич“ соопшти дека ја намалува прогнозата за рејтингот на Србија на негативна и истовремено го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на земјата на ниво од „ББ минус“.

Негативната прогноза е поради влошувањето на фискалните позиции на Србија и нејзиното надворешно финансирање, како и индикаторите за слаб економски раст.

„ Новата Влада наместо да се фокусира на корекција на фискалниот дефицит и јавниот долг го промени законот за централната банка на начин кој ја ослабна довербата на инвеститорите и кој може да го комплицира договорот за нов кредит од Меѓународниот монетарен фонд“,стои во во соопштението на агенцијата.

Минатата недела кредитната агенција „Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Србија на „ББ минус“, со негативна прогноза. Како причина, исто така, се наведува усвојувањето на законот со кој се зголемува контролата на Парламентот врз Централната банка.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието