Сириските воени авиони го бомбардираа северниот град Азаз. Убиени се 30 луѓе.
„Воен авион леташе над градот и прво пукаше во автомобил и го крена во воздух.После почна да ја бомбардира улицата, се урнаа неколку куќи. Не можевме да направиме ништо. Бројот на загинатите ќе расте, бидејќи копаме по урнатините“, изјави жител на Азаз.
Градот се наоѓа во близина на турската граница и е силно упориште на Сириската ослободителна армија.