Како да го научите детето да се одбрани од насилници?

Од:

Живееме во време во кое вестите се полни со насилство меѓу децата, а агресијата е видлива кај се помали и помали деца. Сигурно сте се запрашале како да го научите детето да се брани од насилници?

Едно е сигурно, на насилството мора да се реагира. Туркањето на работите под тепих не е решение. Дури и доколку вашето дете се уште немало контакт со насилство, почнете да го учите што е во ред, а што не е.

Што се е насилство?

Најтешкиот облик на насилство може да го препознае секој родител. Физичкото малтретирање, уцените, навредите и понижувањето оставаат исклучително големи последици, но за детето не е ништо помалку насилничко и задевањето на врсниците, барањето услуги, кои не сака да ги пружи (препишување, шепкање, давање играчки, лични работи), намерно уништување на неговите работи.

Научете го детето дека во секоја од овие ситуации има право да се бори за себе и дека нема должност да попушти пред убедувањата на врсниците, доколку не сака нешто да направи. Научете го да ви се обрати во вакви ситуации и советот најпрво да го побара од вас.

Како не смее да се реагира на насилството?

Постојат неколку типични реакции, кои се погубни доколку се обидуваме да го научиме своето дете да се избори со насилството.

За првата група реакции карактеристично е помирувањето со ситуацијата и премолчено прифаќање на насилството. Со речениците како: „На сите тоа им се случува“, „Само тужибабите се жалат“, „Ќе помине само од себе“, „Ќе се откажат ако ги игнорираш“, на вашето дете му порачувате дека мора да се помири со насилството.

Во другата група спаѓаат оние реакции, кои порачуваат дека на насилството треба да се возврати со иста мера. „Удри го“, „Задолжително да му вратиш“, се реченици, кои ја претставуваат другата крајност.

Како да го воспитате детето да не стане жртва на насилници?

1. Немојте премногу да го заштитувате детето?

Ова е прво и основно правило, немојте да ја разубавувате реалноста и од децата да ги криете случаите на насилство. На начин, кој е прилагоден на нивната возраст, преку игра, приказни, сериозни разговори, примери од неговите врсници, предупредете го на ситуациите, кои можат да му се случат. Детето кое добило повеќе фактички информации ќе прави правили, логични избори и ќе носи одлуки, засновани на тие имформации.

2. Научете го детето да каже „не“

За повеќето родители, „не може“ и „не сакам“ предизвикуваат главоболки, бидејќи значат оглушување на нивниот авторитет. Но доколку го научите детето дека не смее да ви одговара со „не“ и „не сакам“, ќе го научите така да се однесува и со другите. А во современиот свет токму овие зборови се првото ниво на самоодбрана на вашето дете.

3. Научете го да ви се довери

Научете го детето дека може да ви ги пренесува деталите на сите случувања во градинка и во училиште, дека со вас може да зборува за врсниците, симпатиите, но и за непријатностите. Повторувајте му дека доколку некогаш се најде во ситуација да биле изложено на насилство, мора да побара помош од вас.

4. Научете го детето физички да се брани

Ова можеби е најтешката задача за родителите. Ќе мора мошне јасно да му објасните на детето дека не е во ред да напаѓа и ударите да ги користи кога нешто не му е по волја, бидејќи тоа ќе го изедначи со оние кои на него му прават лошо. Но исто така морате да му појасните дека има ситуации во кои кога тоа е нападнато сосема е во ред да се брани со примена на сила. Јасно кажете му каде е границата на самоодбраната.

Како да му помогнеме да детето, кое претрпело напад на насилник?

Доколку вашето дете веќе ја имало таа несреќа да почувствува што значи да се биде жртва и да се трпи насилство, морате да сториме се за да му помогнете да ги надмине стравовите и да ги надмине психолошките последици. Бидејќи модринките ќе поминат за неколку дена, но лузните на неговата психа ќе траат доживотно, доколку не реагирате адекватно. Бидете му засолниште на вашето дете, место, каде ќе се чувствува сигурно и заштитено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска