Најмалку 16 полицајци се повредени во нередите во градот Амиен, во северна Франција. Синоќа стотина млади се судрија со полицијата, кон кои фрлаа со се што им се најде при рака но и пукаа со пиштоли.
Запалени се неколку автомоболи и оштетени се неколку згради.
Не се објавени причините кои доведоа до немирите. Уапсени нема.