Во северниот дел на Косово во тек е акција на ЕУЛЕКС во која е уапсен кандидатот за градоначалник на Косовска Митровица и лидер на „Српската листа за Косово и Метохија“, Оливер Ивановиќ, јави агенцијата Танјуг.
Портпаролот на ЕУЛЕКС, Ирина Гудељевиќ потврди дека во тек е акција во Северно Косово, без да соопшти други детали за што станува збор и не споменувајќи имиња.
Во седиштето на ЕУЛЕКС во Приштина, исто така, е потврдено дека се спроведува акција, но не се даваат повеќе информации за нејзината цел и дали е некој уапсен.