„Враќање во темнината“, „Овде е мрак и мрак ме обвива“, „Плати струја, доби инфаркт“, со овие пароли, битолчани вечерва го изразија својот револт од енормното зголемување на струјата.
Се собраа пред ЕВН во Битола и побараа да се врати цената на струјата на нивото од 2008 година, да се врати дневната ефтина тарифа.
Се договорија и наредниот вторник на истото место и во истото време да се соберат и да го кренат гласот против поскапувањата.