11 години од Рамковниот договор

Од:

Пред 11 години на 13-ти август во Скопје беше потпишан Рамковниот договор со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија и се постави рамка за меѓуетнички соживот и евроатлантска перспектива на државата.

Охридскиот рамковен договор, се уште ја ужива поддршката на политичките партии, како и на меѓународната заедница иако припадниците на различните етнички заедници различно го доживуваат.

Рамковниот договор го потпишаа претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љупчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери, претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и претседателот на ДПА Арбен Џафери. Потписници на договорот, во својство на гаранти, се и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите.

Најжесток критичар е ДПА и Мендух Тачи, кои бараат негово ревидирање, и потсетуваат дека одредбите од договорот се изиграни.

Вечерва во Музејот на современа уметност вицепремиерот задолжен за спроведување на договорот Муса Џафери организира прием на кој се поканети државниот врв, претставници на политичките партии, дипломатскиот кор и јавниот и општествениот живот.

Би можело да ве интересира

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on

Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

A1on

Манчевски: Конечно ќе биде решен проблемот со вработените според Рамковниот договор

Ана Ололовска

Распределени 760 админстративци според Рамковен, остануваат уште 700

Ана Ололовска

Тачи: Охридскиот договор – најцврста гаранација за правата на Албанците во Македонија

Наум Локоски

(ВИДЕО) Фаркас: Договорот меѓу Македонија и Грција е одговор против Путин

Ана Ололовска