Башар ел Асад, Сирија
122 милијарди долари
Башар ел Асад е претседател на Сирија од 2000. година. Претседателската позиција ја наследи од својот татко Хафиз ел Асад. На 10. јули 2000. година е избран за претседател на Републиката.
Хосни Мубарак, поранешен претседател на Египет
70 милијарди долари
Мубарак ја презеде власта во 1981 година иако никогаш не беше избран на таа функција-како потпретседател ја наследи после убиството на Анвар Садат. Се наоѓа во тешка здравставена состојба, а осуден е и на доживотен затвор. Се претпоставува дека Мубарак има сокриено 70 милијарди долари, а според истражувањата 57 милијарди долари излегле од Египет помеѓу 2000. и 2008. година, кои најверојатно се вложени во недвижнини.
Сукарто, поранешен претседател на Индонезија
35 милијарди долари
Сукарто е прогласен за најкорумпиран лидер, кој на местото претседател на индонезија дојде пред 31 година, а целата негова активност беше насочена кон собирање милијарди на приватна сметка. Истражувањата покажаа дека Сукарто пренел 9 милијарди долари од една швајцарска банка на сметка на австриска банка, неколку дена пред да поднесе оставка во 1998 година.
Али Абдулах Салех, Јемен
32 милијарди долари
Пребегна во Саудиска Арабија по неупсешниот обид за атентат оваа година, но се врати во Јемен. Беше прв претседател по соединувањето на Северниот дел со јучниот дел на Јемен во 1990. година.
Али Хаменеи, Иран
30 милијарди долари
Ајатолахот остава впечаток на аскета, но од друга страна зема големи провизии од проажбата на иранската нафта и трговијата со оружје. Хаменеи е врховен лидер на иран од 1989. година.
Абдулах бин Абдулазиз, крал на Саудиска Арабија
21 милијарда долари
Кралот живее раскошно. Минатиот ноември одлета во Њујорк за да му го наместат пршленот на кичмата. Закупи три чартер летови, а со него патуваа припадниците на неговото обезбедување, како и филмска екипа која се превезуваше со 40. возила. Исто така, го затвори и целото крило на њујоршката болница во која се лечеше.
Султан Хаџи Хасанал Болкијах, сулатан на Брунеи
20 милијарди долари
Богатството на оваа држава се огромните полиња со нафта и природен гас, како и во инвестициите на Брунејската агенција за инвестиции која поседува луксузни хотели во Лондон. Султанот поседува и 3.667 автомобили кои чинат околу 800 милиони евра.
Теодоро Обианг Нгуема Мбасого, претседател на Екваторијална Гвинеја
20 милијарди долари
Тој е најголемиот африкански диктатор кој во 2003. година зеде пола милијарда долари од државниот сеф и ги пренесе на приватни рачуни на неговото семејство, како мерка „за борба против корупцијата“
Сите приходи од продажбата на нафта се под негова контрола, а само мал дел се одвојува за сиромашните жители. Голем дел од населението живее со 2 долари дневно.
Шеик Калиф бин Зајед ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски емирати и владетел на Абу Даби
19 милијарди долари
Не му се допадна печатот на Сејшелските острови во пасошот кој претставува плод од палми зашто го потсетувало на задник, па го сменил во четвртаст. Неговото богатство е десеткувано поради кризата-се претпоставува дека изгубил околу 5 милијарди долари на берзите.
Шеик Мохамед Рашид ал Мактум, владетел на Дубаи
15 милијарди долари
Тој е еден од најголемите сопственици на кољските трки во светот, поседува 68 расни грла и сопственик е на многу штали во шест земји меѓу кои и Јапонија, Австралија и САД.
Мобуту Сесе Секо, Демократска Република Конго
5,1 милијарди долари
Долгогодишниот претседател на ДР Конго пребега во егзил во 1997. година во Мароко, Има проневерено околу 5 милијарди долари. Ќе остане запаметен по тоа што во 1974 година го организираше мечот во бокс меѓу Мохамед Али и Џорџ Форман, а им плати по 5 милиони долари од државната каса.
Зин ел Абидин Бен Али, поранешен претседател на Тунис
5 милијарди долари
Речиси половина од бизнисмените во Тунис беа во некоја роднинска врска со Бен Али, а најмногу од нив со неговата сопруга Лејла, која жителите на Тунис ја критикуваа поради трошењето на огромни суми на пари. Посебно во очи паѓал нејзиниот брат кој имал авио компанија, неколку хотели, една од двете приватни радио станици, фабрика за автомобили.
Александар Лукашенко, претседател на Белорусија
600 милиони долари
Претседател е на Белорусија од 1994. година. Тој во очите на западниот свет е последниот вистински диктатор во Европа. Познат е по изјавите дека „ историјата на Германија е копија на историјата на Белорусија“, „ се што се поврзува за Хитлер и не е така лошо“ но и пораката до германскиот министер Гид Вестервеле дека „подобро е да се биде диктатор отколку геј“.