Лазаров МВП според фановите

Од:

Заврши анкетата на популарната интернет страница Handball-planet.com во која Кире Лазаров доби најмногу гласови во изборот за МВП на сезоната во Лигата на шампионите.

Нашиот најдобар ракометар и најдобриот стрелец на последното Европско првенство доби 4.417 гласови од сите 8.910 читатели на порталот.

Лазаров собра речиси половина од сите гласови (49.6%), а зад него остана Момир Илиќ од Кил со 40.65% од гласовите, односно 3.622 номинации.

Далеку зад лидерскиот тандем останаа другите ракометари, како Микел Хансен, кој е трет со 415 (4/65%), Филип Јиха со 172 (1.93%) и Бартоломеј Јажка со 168 гласови (1.88%).

Покрај овие петорица гласови добија и Силвио Хајневетер, Ким Андерсон, Гудјон Валур Сигурдсон и Лук Абало.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ