Едногодишно дете е донесено починато утринава во 10:30 часот во Медицинскиот центар во Прилеп.
Според полициските информации Н. Ѓелилоска родена 2011 година од селото Дебреште, утринава околу 9:30 часот си играла во дворот.
Во еден момент девојчето се поткачило на товарно моторно возило. Несреќата се случила кога таа паднала од хаубата на возилото.
Од падот малото девојче се здобило со сркреници на рацете, нозете и главата на кои им подлегнала.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.