80.000 лица избришани од евиденцијата на невработени

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски очекува по изгласувањето на новиот закон за вработување и осигурување во случај на невработеност јасно да се дефинираат и класифицираат евиденциите на лица кои активно бараат работа и лица кои се пријавуваат заради остварување на определени права, популарно наречени пасивни невработени лица кои не сакаат работно да бидат ангажирани.

„Во изминатиот период 80-тина илјади граѓани беа тргнати од списокот на невработени, а само седум проценти од нив поднесоа жалба на таквото решение на Агенцијата. Со тоа се потврдува дека тие се свесни оти не биле во право, односно евидентно е дека сме констатирале пропусти во нивното функционирање“, изјави Ристовски .

Државниот инспекторат за труд во соработка со Агенцијата за вработување, рече, врши инспекциски надзори и практично дел од лицата кои се избришани од евиденциите се тргнати врз таа основа.

„Кога при инспекциите ќе се констатира дека некое лице е ангажирано на црно, Агенцијата го трга од списокот на невработени. Ова системско решение ќе продолжиме да го реализираме и во иднина, а очекуваме со новиот закон јасно да се дефинираат и класифицираат невработените лица на активни баратели и лица кои не бараат работа“, рече Ристовски.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски истакна дека при секое посредување голем дел од невработените кои се поканети на медијација, односно посредно интервју за вработување одбиваат работа или не се појавуваат на интервјуто.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски