СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со плукање ќе ги загубат изборите

Од:

СДСМ реагира на како што велат, серијалот плукачки прес конференции на ВМРО – ДПМНЕ .

„Навистина некој треба да нема образ и чувство за срам за да излезе и јавно да каже дека Зоран Заев, најуспешниот градоначалник во историјата на Струмица, не работи и истовремено да се надева дека струмичани во тоа ќе поверуваат.Имајќи предвид дека после Куманово, Штип, Неготино, Велес, Прилеп, денес на ред е Струмица, претпоставуваме дека ВМРО – ДПМНЕ има намера секојдневно да држи вакви бесмислени прес конференции за сите општини во Република Македонија, да плука по градоначалниците и кандидатите за градоначалници на СДСМ и да ги замајува граѓаните“, велат од СДСМ.

СДСМ им порачува на ВМРО – ДПМНЕ да продолжат со плукањето, тоа велат, им е најсигурнионачин за губење на изборите. Прес конференција на Лидија Андонова, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски