Неименуван американски претставник денеска изјави дека САД ќе воведат нови санкции за Сирија и за оние што ја поддржуваат Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Тој наведе дека новите мерки најверојатно ќе бидат насочени и на ирански субјекти, кои САД ги обвинува дека го помагаат сирискиот претседател.
САД во средината на јули воведоа финансиски санкции за целата Влада на Асад, со кои им е замрзнат целиот нивни имот под јурисдикцијата на САД, а на Американците им е забрането за соработуваат со нив.